МакедонијаСиндикат

(Видео) СОНК донесе одлука: Штрајк – Учебната година нема да започне на 2 септември

СОНК донесе одлука - Работник
12.3Kviews

По долги преговори со Министерството за образование и наука и Владата, Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК, под притисок на членството донесе одлука на 2 септември (првиот учебен ден) да стапи во предупредувачки штрајк.

СОНК не го прифаќа зголемувањето на платите од 5 проценти. Тие бараат платите во основното, средното, виското образование и науката да се зголемат за 25 проценти.

Денеска и покрај обидите од страна на Министерот за образование и наука, Арбер Адеми да го убеди членството на СОНК дека во иднина ќе има зголемување на платите, СОНК одлучи да стапи во предупредувачки штрајк. Тие бараат што е можно поскоро да се се подобри лошиот социо – еконмскиот статус на просветните работници во кој тие се наоѓаат. После бројните протести кои СОНК ги организираше во рамките на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС, заедно со другите грански синдикати, СОНК своето незадоволство ќе го изрази преку штрајкот.

Во прилог погледнете ја изјавата на Претседателот на СОНК, Јаким Неделков: