- Advertisement -
МакедонијаСветот на работникотСиндикат

(ВИДЕО) ССМ бара неработна Недела со исклучок на неколку дејности

ССМ - Работник
577views

ССМ бара неработена Недела, со исклучок на неколку дејности коишто се есенцијални за да може да функционира државата. 

Неделата како неработен ден е исклучително важно за работниците. Ние не следиме што се случува со Недела како неработен, ден туку работиме тоа Недела да биде неработен ден, рече Слободан Трендафилов од ССМ во видео конференција со синдикатите и граѓанските организации.

„Впрочем нашиот предлог е во таа насока, но за жал заради одредени размислувања кои не одат во насока Недела да биде неработен ден, а токму такви размислувања слушнав и тука. Предлогот од Министерството не води во насока Недела да биде неработен ден за сите работници, но ќе почекаме да видиме дали ќе биде како што замислиле претставниците на државните институции“, рече тој.

Вели дека Недела ќе биде неработен ден за работниците, не само во јавниот и приватниот сектор, туку за сите работници. Истакна дека е точно е дека тие се свесни како синдикат дека ќе има одредени исклучоци, но дали треба да работат угостителските објекти, трговците, текстилните компании, градежниците во Недела е дискутабилно и не може никој да ги убеди под изговор како што беше тоа претходно за еден друг закон кој бил прифатен од Владата, а потоа од одредени субјекти за некаква дискриминација беше вратен на постоечкото законско решение, а тие ниту добиле ниту изгубиле нешто во тој период.

Вели дека изговор не може да биде дискриминацијата за да се утврдат кои се тие есенцијални дејности без кои државата не може да функционира во Недела и тие да бидат утврдени во Законот за работни односи, а не, како што сега се дискутира со сто закони, да се утврдат сто дејности, а со тоа сите работниците да продолжат да работат во Недела. 

Повеќе погледнете во видеото: