Занимливости

(Видео) Таа е најпаметната жена на светот: Еве како изгледал нејзиниот животен пат и каде е денес

Таа е најпаметната жена на светот - Работник
76views

Мерлин вос Савант е родена како Мерлин Мач, но презимето на својот татко не го задржала многу долго. Многу рано почнала да верува дека би требало да се задржат предбрачните презимиња, па така синот требало да го земе татковото презиме, а ќерката мајчиното. Така, таа станала Мерлин вос Савант (експерт), што и и прилега. Таа е сепак жена со најголем IQ на светот.

Додека имала 10 години, таа решавала два теста за интелегенција. Првиот бил Стенфорд – Бинет тестот и вклучувал сет на прашања кои ги мерат когнитивните способности низ пет фактори. Вториот бил Мега тестот, дизајниран за да го мери IQ над 145. По Мега тестот нејзиниот IQ изнесувал 186, а по Стенфорд – Бинетовата скала изнесувал 228.

После кратката анализа експертите заклучиле дека ова десетгодишно девојче има ментални способности на 23 годишен човек. Триесет години после тоа во историјата ќе остане запаметена како личност со најголем IQ на светот која долго го држела и тој рекорд во Гинесовата книга, се додека таа категорија не била укината во 1990 година.

И покрај нејзиниот IQ без преседан нејзиното образование било како секое друго. Се запишала во локално средно училиште и работела во продавницата на татко и. Започнала да студира општествени наука, а потоа се префрлила на насоката психологија на Универзитетот Вашингтон од кој се откажала после две години.

 

На почетокот на 80 -те се преселила во Њујорк и започнала да ја гради својата кариера во пишување. Таа пишувала IQ квизови за списанието Омни пред да добие работа во „Прада“. Пишувала колумни, а луѓето можеле да и испраќаат прашања на кои им одговарала.

Во 1987 година се омажила за Роберт Џарвик, еден од дизајнерите на вештачкото срце Џарвик – 7. Подоцна станала шефица на финансии во „Џарвик Харт Инк.“. Тие двајца тогаш биле познати како најпаметен пар во Њујорк.

Во текот на годините имало дебати за автентичноста на тестовите кои го измериле нејзиниот степен на IQ, поради тоа што моменталните верзии не овозможуваат резултат над 170. И таа самата тврдела дека тоа е помалку нејасно подрачје, со оглед на тоа дека не е лесно повеќе да се мери интелегенцијата. Постојат илјадници фактори кои можат да влијаат на менталните способности и интелегенцијата, а не сите тестови се доволно опремени за да можат да се соочат со се.

Таа без сомнеж е една од најпаметните личности на светот, но Мерлин вон Савант потполно се држела подалеку од било какви рефлектори. Таа останала во анонимност како обична жена, колумнистка и авторка која објавила неколку книги.