МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

(Видео) УПОЗ: Бараме еднаквост помеѓу судиите и судската администрација во додатоците на плати

УПОЗ: Бараме еднаквост - Работник
86views

Испровоцирани од одлуките на Судскиот буџетски совет кои се донесоа во петокот и минатиот месец во кои судиите се повеќе привилегирани од судската администрација и од немањето на слух на советот за вработените во судството, синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Македонија – УПОЗ и здружението на судската администрација денеска одржаа средба, рече Генералниот Секретар на УПОЗ, Трпе Деаноски на денешната прес – конференција.

„Со промена на Судскиот буџетски совет мислевме дека работите ќе тргнат на подобро, но за жал со секој момент се враќаме назад. Иако во досегашните разговори со советот бевме договорени дека сите одлуки кои ќе ги носи ќе бидат еднакви, како за судиите, така и за судската администрација, судската полиција и помошно – техничкиот персонал, испаѓа дека членовите на Судскиот буџетски совет кои се судии носат одлуки само во нивна полза“, рече Деаноски.

Според него од денешниот состанок произлегле три клучни барања, а тоа се: корекција на одлуките за додатоците на плата за месеците септември и октомври, итно донесување на правилник за додатоци на плата на судската полиција за висок ризик и конечна исплата на задржаните пари за време на штрајкот за сите категории на вработени.

Тој потсети дека судската полиција е единствената која нема бенефициран стаж и нивно барање е да се воведе. Најави дека идната недела ќе организираат протест во сите судови во Р. Македонија, а размислуваат и за други начини за бојкот на работата, како бел штрајк и протест на работните места.

Претседателот на здружението за судска администрација при УПОЗ, Сашо Темелковски рече дека на последната седница од Судскиот буџетски совет од 01.11.2019 година е донесена одлука за обезбедување на финансиски средства за додаток на плата во износ од 5 проценти за судските службеници и 10 проценти за судиите.

„Ваквата состојба предизвикува револт во редовите на судските службеници, бидејќи се повторува ситуацијата од месец септември поради тоа што тогаш беше донесена одлука за обезбедување на финансиски средства на име на додатокот на плата, меѓутоа во двојно поголем износ за судиите во однос на судските службеници. Тој рече дека за месец септември на судиите додатокот им изнесувал повеќе од 6,000 денари, а на судските службеници им изнесувал околу 1,000 денари, зависно од називот на судскиот службеник. “, рече Темелковски.

Тој истакна дека револтот е предизвикани  поради тоа што во конкретниот случај отсуства критериум врз основа на кој една категорија на вработени во судовите се одделуваат од останатите вработени. Судската служба има право да бара изјаснување од страна на Судскиот буџетски совет, врз основа на кој критериум, таа една категорија на вработени во судовите на некој начин е привилегирана, односно добива двојно поголем додаток од судските службеници.

Тој нагласи дека овој потег наликува на тој во 2016 година кога на судските службеници кои штрајкувале им била задржана платата без никакво решение.

Темелковски во името на здружението го повика Судскиот буџетски совет да престане со ваквата практика, односно со двоење на вработените во судовите.

Бобан Илијевски