- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

(ВИДЕО) Училиште поставило соларни панели, па им ги зголемило платите на наставниците

Училиште поставило соларни панели - Работник
314views

Училиште во Арканзас, САД на му ја зголемило платата на секој наставник до 15,000 долари годишно по инсталирањето на соларни панели.

Школскиот округ Бејтсвил инсталирал вкупно 1,500 соларни панели во последните две години, откако долго време се мачел на наставниците да им исплати чесна плата. 

Училиштето го искористило неискористениот простор, исполнувајќи го со плочи. Пред насочувањето на соларна енергија, училиштето било познато по тоа што имало најлоши плати во државата, со просечена плата од 45,000 долари годишно. 

„Не можевме да ги задржиме луѓето поради тоа“, рекол директорот Мајкл Хестер за Си – Би – Ес. 

Како што пренесува Индекс, една наставничка во училиштетот, Џин Ропки започнала да работи друга работа во локалниот кол центар за да состави крај со крај. 

Откако ги поставило панелите, училиштето не само што заштедело пари, туку и заработило продавајќи електрична енергија која ја враќала назад во локалната електрична мрежа. 

Како резултат на тоа, на наставниците две години по ред им доделило бонуси и сега е училиште со најдобри примања во државата. 

„Добро е да се знае дека на школскиот округ му е крижа за нас“, рекла Џин Ропки. 

Рик Ванс, регионален директор на локалната енергетска компанија Интегрити, рекол дека училиштетот во Бејтсвил е прво кое поставило соларни панели. 

„Го направиле тоа кога никој друг не го направил. Ги намалиле чековите кои им ги пишуваат на комуналните служби, а ги зголемиле чековите на наставниците“, рекол тој.