МагазинНаука

(видео + фото) „Надеж“ – првата сонда на Обединети Арапски Емирати кон Марс пристигнува во февруари 2021 година

„Надеж“ - првата сонда на Обединети Арапски Емирати кон Марс пристигнува во февруари 2021 година - Работник
145views

Сондата наречена „Надеж“, која беше лансирана од Обединетите Арапски Емирати на 19 јули 2020 година, ќе пристигне на Марс на 9 февруари 2021 година во 19:42 часот.

Обединетите Арапски Емирати се третата земја што се приклучи на истражувањето на Марс, заедно со Кина и САД. Сателитот се вика Ал Амар што на арапски значи надеж.

 

Првата меѓупланетарна мисија за ОАЕ и арапскиот свет е лансирање на сондата „Надеж“ до Црвената планета, потврди владетелот на Дубаи, шеикот Мохамед бин Рашид ал Мактум.

Сондата е лансирана на 19 јули 2020 година и оттогаш поминала 290 милиони километри движејќи се низ вселената.

Тимот задолжен за мисијата го смени курсот, а пристигнувањето на сондата на Марс се очекува на 9 февруари 2021 година, во 19:42 часот.

Сондата „Надеж“ е развиена заеднички од ОАЕ и неколку американски универзитети, а сега се контролира со експерименти од вселенскиот центар Мохамед Бин Рашид во Дубаи.

 

Кога ќе влезе во орбитата на Марс, сондата ќе премине во „научен режим“, а неговата задача е да создаде слика за атмосферата на Црвената планета во период од една марсовска година, односно период од една или две години на Земјата.

Сондата ќе ја следи висината на Марс користејќи инфрацрвени и ултравиолетови спектрометри и камери и ќе ги проучува атмосферските услови и климатските промени.