ПравдаСветСветот на работникот

(Видео) „Цената“ од работењето од дома: Добила отказ бидејќи не можела да ги стиши децата

„Цената“ на работењето од дома - Работник
298views

Дрис Волас, мама блогерка и вработена жена, започнала да работи од дома на средината од март поради епидемијата на коронавирусот. Со две деца тоа не било секогаш едноставно.
Се грижела за четиригодишната ќерка Дани и едногодишниот син Дилан и се обидувала да му помогне на шефот околу постоечките клиенти.
Поради природата на работата, голем дел од времето поминувала на телефон, но децата не можела секогаш да ги стиши. На крајот тоа довело до отказ.

„Тој период беше многу стресен. Очекувањата беа нереални, куп на мејлови, телефононски повици… Чувствував притисок, а децата бараа внимание. Постојано чекаа да довршам со работата и да им се посветам. Срцето ми се скрши“, објаснила таа.

Нејзните клиенти не сакале да слушаат врева, па му се пожалиле на шефот дека тоа е непрофесионално.

„Започнав да ја смирувам ситуацијата, им ги менував навиките на децата, беа гладни и нетрпеливи, а мене ми поставуваа рокови“, вели таа.

Ситуацијата ескалирала во мај кога шефот и рекол да ги заклучи децата во соба и да пронајде решение за тој проблем. Но, на крај добила отказ.

„Се чувстувам изневерено, бидејќи се обидував да ги усогласам мајчинството и работата, а во тоа не успеав“, заклучила во објавата која ја споделила со повеќе од 60,000 следачи кои и дале поддршка и споделиле слични сопствени искуства за да ја утешат.

Извор: bizlife.rs

Подготвил: Бобан Илијевски