ЕкономијаМакедонијаПравда

(Видео) Штедачите на Еуростандард банка на протест – „Вратете ни ги парите“

Штедачите на Еуростандард банка - Работник
108views

„Лопови“, „Нема правда нема мир“, „Вратете ги парите“, „Која е следна банка?“ се само дел од паролите кои може да се видат попладнево пред зградана на Собранието. Штедачи кои биле корисници на сега во стечај Еуростандар банка излегоа на протест.

Велат дека оштетеи се за повеќе од 50 милиони евра.

„Давани се кредити без никакво покритие и се тоа е реализирано под капата на Народна банка. Бараме државата да изнајде решение и да ги обештети сите граѓани“, рече Иван Брзовски – член на здружението на оштетени штедачи на Еуростандард банка.

Додаваат дека доколку не се преземе ништо, ова ќе биде само пример и за останатите банки, односно како што велат тие банката да пропадне, штедачите да останат оштетени, а некои да ги земат сите пари.

Станува збор за 780 физички лица кои имале над 30.000 евра средства во банката.

Премиерот Зоран Заев, придружуван од Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата за економски прашања, пред еден месец се сретна со претставници на Иницијативниот одбор за формирање здружение на оштетени граѓани од „Еуростандард банка“.

На состанокот, како што соопшти владината прес-служба, се споделени некои од проблемите со коишто се соочуваат оштетените граѓани, физички и правни лица, по пропаѓањето на „Еуростандард банка“ и се слушнати предлозите од Иницијативниот одбор, за можни решенија.