ЗанимливостиМагазинНаука

(Видео) Јапонски робот од 18 метри и 25 тони конечно „прооди“

(Видео) Јапонски робот од 18 метри и 25 тони конечно „прооди“ - Работник
245views

Роботот, според моделот на херојот на популарната анимирана серија, се состои од 200 делови изработени од метал, пластика и карбонски влакна

Голем хуманоиден робот, според моделот на херојот на популарната јапонска анимирана серија од 70-тите – „Мобилен костум Гундам“, ги покажа своите можности. На презентацијата што се одржа во јапонскиот град Јокохама, роботот одеше, клекнуваше и гестикулираше.

 

Роботот е висок над 18 метри а тежи 25 тони, неговата изградба започна во 2014 година. Роботот се состои од 200 делови изработени од мешавина од метал и пластика засилени со карбонски влакна.

Сите заинтересирани ќе можат да го посетат роботот и да добијат детални информации за него. Турнејата на робот првично беше планирана да започне во октомври, но сигурно е дека датумот ќе биде преместен поради пандемијата од Ковид-19, пишува Си-Ен-Ен.