Колумни

Види ги затворите и ќе знаеш за каква држава станува збор

   Време за читање 3 минути

Автор: Стојче Јовановски

Читам и неможам да верувам дали да плачам или хистерично да се смеам, дали да употребувам зборови кои не доликуваат или…

Имено, цитирам „на седница Владата донесе Уредба со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба.
Со оваа уредба со законска сила се уредува ограничувањето на исплатата на додатоци и надоместоци на плата на вработените во органите на државната власт, единиците на локалната самоуправа, институциите кои вршат дејности од областа на образованието, културата, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот и во институциите кои вршат работи од јавен интерес утврден со закон, а се организирани како агенции, фондови, регулаторни тела со јавни овластувања утврдени со закон, јавни установи и јавните претпријатија основани од Република Северна Македонија или од општините, од Градот Скопје и од општините во Градот Скопје и акционерските друштва во целосна сопственост на државата, за време на траење на вонредната состојба.

На вработените опфатени со оваа уредба со законска сила не им се исплатуваат додатоци и надоместоци на плата согласно закон и колективен договор, за време на траење на вонредната состојба.
Одредбите од оваа уредба со законска сила не се однесуваат на медицинскиот и помошно-технички персонал во јавните здравствени установи, припадниците на Министерството за внатрешни работи и Армијата на Република Северна Македонија.“

Од се тоа што е погоре наведено произлегуваат прашањата: КАДЕ СЕ ПРИПАДНИЦИТЕ НА ЗАТВОРСКАТА ПОЛИЦИЈА? КАДЕ СЕ ВРАБОТЕНИТЕ ВО ЗАТВОРИТЕ? ЗАРЕМ И НИВ ТРЕБА ДА ИМ СЕ КРАТАТ ДОДАТОЦИТЕ И ДРУГИТЕ НАДОМЕСТОЦИ.

Како ние да работиме и да се придржуваме кон препораките кои ни се дадени од „CPT“ од советот на европа и.т.н. кога секогаш сме заборавени и сме оставени на цедило, а мотивацијата ни е сведена на НУЛА.
Ризикот ист како АРМ, МВР, Здравство, но кога станува збор за плата и додатоци на плата не сме исти.
Вработените во Затворите се борат од петни жили се борат за непречена функционалност за затворите и пак вработените во затворите се ставаат во исти кош како оние кои си седат дома и земаат плата. Зарем ние не сме луѓе, зарем ние немаме фамилии, зарем ние не заслужуваме да бидеме третирани како АРМ, МВР и Здравство.

Еве јавно како СИНДИКАТ НА ЗАТВОРИТЕ повикуваме преку медиумите да се допрецизира одлуката на владата и да не стават на исто рамниште како АРМ, МВР и Здравство и единствено сме согласни да се скратат додатоците на тие вработени во Затворите кои не доаѓаат на работа и не се изложени на ризик се друго е неприфатливо за нас, а доколку останат глуви на нашите барања прстот кој го покажува виновникот нека го свртат кон себе за последиците и штетите кои сами ќе ги направат со горецитираната одлука.

Ставовите изразени во колумната во ниеден случај не ги претставуваат официјалните ставови на Порталот Работник