- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

„Визер„ е посветен на вработување повеќе жени пилоти и на раководни позиции

„Визер„ е посветен - Работник
240views
Визер, авиокомпанија со најголема стапка на раст во Европа, го слави Меѓународниот ден на жената и најавената Недела на жени во воздухопловството со потврда за својата посветеност на родовиот диверзитет во воздухополовниот сектор и обврска да вработи повеже жени пилоти, како и да вработи жени на раководни позиции. 

Најновите податоци покажуваат дека само 5,1 % од пилотите во светот се жени, со што посебно се истакнува потребата во рамките на овој сектор да се поттикне диверизитетот во улоги кои традиционално се машки. Визер повторно ја потврдил својата обврска да го зголеми бројот на жени пилоти низ својата програма „Од кабински персонал до пилотска кабина“ кои ги охрабрува амбициозните членови на кабинскиот персонал да станат пилоти низ сеопфатна поддршка во поглед на финансии, патувања и сместување, како и посебно прилагоден распоред на работа и учење. 

Оваа 40 – месечена програма им нуди на амбициозните членови на кабинскиот персонал можност да ја развијат својат кариера во авиокомпаниите со најголема стапка на раст во Европа и да летаат со еден од најмладите и најефикасните флоти во секторот.  

 

По повод Неделата на жената во воздухопловството која се одржува од 8 март 2021 година, Визер ветува дека ќе го поддржи развојот на кариерата на жените во сите области на воздухопловниот сектор, вклучувајќи ја и обврската да се создаде балансирана родова застапеност во пилотските кабини и раководните позиции.