Виз Ер ќе ги откаже скоро сите линии во Сараево

Нискобуџетниот превозник Виз Ер ќе ги откаже речиси сите линии од главниот град на Босна и Херцеговина и ќе ги премести двата авиони стационирани во градот.

– Главните предизвици со кои се соочивме во Сараево се зголемувањето на цените на горивата и високите нивоа на инфлација што влијаеше на побарувачката за воздушен транспорт во земјата, вели Виз Ер.

Превозникот ќе одржува само услуги од Абу Даби и Лондон до Сараево, управувани од неговите филијали во Обединетите Арапски Емирати и Обединетото Кралство.

Наместо тоа, авиокомпанијата ќе се фокусира на развојот на својата база во Тузла, но засега ќе одржува два авиони во градот. 35% од патниците или вкупно околу 400.000.

Триесетина работници од Сараево добија понуди да се преселат во други бази.