ЕкономијаСвет

Виз ер ќе отпушти 1,000 работници и ќе ги намали платите

Виз ер ќе отпушти - Работник
205views

Виз ер проценува дека во завршната пресметка за фискалната 2020 година, завршена на 31 март, ќе има добивка од 270-280 милиони евра, соопштиле од компанијата.

Истовремено, нискотарифниот авиопревозник најавил намалување на платите и отпуштање на околу 1,000 работници поради кризата со корона вирусот.

Како што се наведува во соопштението испратено до Танјуг, Виз ер проценува дека основната нето добивка за 2020 година ќе биде помеѓу 350 и 355 милиони евра, што е во согласност со насоките на компанијата, но во завршната пресметка ќе ги внесат и вонредните расходи кои се очекуваат од март до мај поради пандемијата на корона вирусот.

„Како што е неодамна објавено, во март 2020 година, профитот на Виз ер падна за 34 отсто во однос на истиот перод минатата година. Виз ер моментално работи со 3,0 отсто од капацитетот во однос на периодот пред епидемијата на Ковид – 19“, пишува во соопштението.

Понатаму се додава дека како последица на Ковид -19 и во согласност со Меѓународните стандарди за финансиски известувања (ИФРС), Виз ер ќе го препише резултатот за четвртиот квартал од фискалната 2020 година за вонредните трошоци од 70 -80 милиони евра, наменети за заштита од загубите месеците март, април и мај 2020 година.

Како резултат на тоа, Виз ер очекува дека за фискалната 2020 година ќе пријави нето добивка од 270 -280 милиони евра.

Компанијата истакнала дека има многу силен биланс и одлична ликвидност во износ од 1,5 милијарди евра готовина на крајот од март 2020 година и очекува дека, кога ќе се нормализира пазарот, ќе остане при своите планови за зголемување на капацитетот од 15 отсто на годишно ниво, во просек.

Од Виз ер додаваат дека поради финансиските влијанија на пандемијата на корона вирусот мора да прогласи 1,000 работници за технолошки вишок, што претставува намалување на работната сила од 19 отсто.

Покрај тоа, ќе ги намалат платите за цела 2021 година на главниот извршен директор, членовите на управниот одбор и на сите високопозиционирани менаџери за 22 проценти, додека на пилотите, кабинскиот персонал и на административните службеници ќе им ги намали платите за 14 отсто, во просек, пишува во соопштението.