- Advertisement -
ПравдаСветСветот на работникотСиндикат

Висентини: ЕТУК ќе вложи напори сите политики на ЕУ да бидат за поголема благосостојба на работниците

Висентини: ЕТУК ќе вложи напори - Работник
93views

Коментирајќи го првиот стратешки извештај за предвидување на чекорите на Европската комисија, Генералниот секретар на Европската Конфедерација на синдикати – ЕТУК, Лука Висентини рекол:

„ЕТУК ја поддржува секоја политичка иницијатива која ќе помогне да се направи промена на одржлив, фер и демократски план. Потребна е подолгорочна перспектива, особено ако води кон нови политики кои последично придонесуваат за по фер и по инкулзивно општство“, рекол Висентини. 

Advertisement

Тој вели дека промената од сегашниот наратив за Бруто домашниот производ за мерење на напредокот кон подобра благосостојба е поздравен од страна на ЕТУК, бидејќи ова е барање кое датира одамна. Посочи дека Комисијата има право да наведе дека сегашната корона криза претставува закана за зголемување на нееднаквоста и да ја нагласи потребата за справување со ниските примања и сиромаштијата, како и недостатоците на здравството, социјалната заштита, образованието и обуката. 

„Потребен е огромен напор за да се спречи зголемувањето на нееднаквостите, и покрај малото ублажување на програмата ШУРЕ (сет на мерки на ЕУ за помош на економијата на земјите членки) и Планот за опоравување. Предлозите кои произлегоа од извештајот потребно е да се претворат во по фер и по инклузивни политики од страна на Комисијата и земјите членки. ЕТУК ќе го даде целиот напор за да осигура дека синдикатите се вклучени во процесите и да осигура благосостојбата на работниците и нивните семејства да биде на прво место при креирање на ЕУ политиките“, истакна Висентини.

Advertisement
Advertisement

Advertisement