ЕкономијаСветСиндикат

Висентини: Потребен е раст во економијата во ЕУ, а не строги мерки

Висентини: Потребен е раст - Работник
160views

Европската комисија вчера го презентираше нацрт буџетот на земјите од Еврозноната. Во прилог ви ја прикажуваме изјавата од Генералниот Секретар на Европската Конфедерација на синдикати – ЕТУК, Лука Висентини, во врска со нацрт буџетот за 2020 година на ЕУ.

„Го поддржуваме барањето на комисијата за земјите од Еврозоната да ги зголемат јавните инвестиции следната година. Милиони на работници сеуште чекаат да го почувствуваат бенефитот од економското заздравување и нето инвестициите како акции на БДП -то кои останаа под нивоата од 2008 година и придонесоа за тоа. Поради ова погрешно е од страна на комисијата да шири понатамошна строгост во земјите како Белгија, Франција, Италија и Шпанија. На овие земји им се најмногу потребни инвестиции од сите други, бидејќи економскиот раст е есенцијален за намалувањето на долговите, како и креирањето на работни места и растот на животниот стандард“.

Висентини рече дека Комесарот Мосцовици вчера рекол дека посакувал да направи повеќе за да ги избегне мерките кои ЕУ ги презеде против Грција. Според него, Комисијата треба да ги научи лекциите од таа криза и да сфати дека инвестицијата, а не строгоста е најдобриот и најфер начин да се генерира економски раст и приход.