
Со цел да им го олесни пристапот до здрава храна, компанијата во периодот што следува бесплатно ќе ја доставува до сите што имаат 60 и повеќе години. Нарачките ќе може да се реализираат преку онлајн-продавницата https://www.vitalia.com.mk/mk/
„Виталиа“, меѓудругото, освен што има за цел да им помогне на најранливите категории, со својот чекор се надева дека ќе внесе поттик и кај другите компании, кои можат да превземат сопствени иницијативи за да обезбедат поддршка на тие што им е најпотребна во актуелниот кризен период.