ЕкономијаМакедонија

Витанов: Владата на Заев турка антиекономски мерки, четири години нема странски инвестиции

182views

Јас мислам дека не сте информирани, поради короната не се дојдени странските инвестиции. Инаку чекаат на граница не ги пуштаат. Голема е гужвата. Сѐ уште има навалица огромна. Само да се смири со короната ќе дојдат и Гугл и Фејсбук, сите, иронизирше поранешниот политичар и функционер Зоран Витанов во вчерашната емисија „Бизнис поенти“ , исмевајќи ги оправдувањата на Владата зошто нема странски инвестиции.

Витанов ако говориме сериозно оваа влада не донесе ништо да се заштити економијата за жал. Поради штетните мерки на владата економијата се повеќе оди во надолна линија.

„Таа влада воопшто нема економски концепт. Таа влада не е дојдена за економија. Таа е влада е дојдена да спроведе туѓа агенда која нема врска со економијата“, нагласи Витанов.

Витанов рече дека никој не треба да е изненаден што во Македонија веќе четири години откако е дојден Заев нема странски инвестиции.

„Инвестициите, економијата и капиталот реагираат само таму каде што ќе препознаат иста фреквенција. Инвестиции, економија и капитал, тие не се спојуваат таму каде што има политика и политиканство. Во Македонија четири години веќе никој не зборува за економија“, појасни Витанов.

Витанов посочи ДУИ како политичка партија која што беше економски аутсајдер откога постои партијата сега ги зема економските ресори. А, ДУИ ништо не разбира од економија. Местењето тендери и криминал не се економија, тоа е само криминал. Токму таа област која што ја води ДУИ нема врска со економија.

„За да дојдат странски инвестиции прво треба да наидат на заеднички јазик каде што од ова страна ќе ги пречекаат луѓе што разбираат странски инвестиции. Треба ли да ве потсетам дека главен советник на оваа влада за привлекување на странски инвестиции е Љубе Бошковски, него го викаат слаткар. Зошто го викаат слаткар, не знам. Јас неговото CV не сум го видел, но не верувам дека Љубе Бошковски знае нешто за странски инвестиции“, рече Витанов.