МакедонијаПравдаСветот на работникот

Вкупно 150 вработени од Еуроникел Кавадарци успешно завршија обука за прва помош на работно место

Вкупно 150 вработени од Еуроникел - Работник
74views

Црвениот крст Кавадарци во периодот август-октомври годинава спроведе над 15 курсеви во компанијата Еуроникел и обучи 150 вработени за прва помош на работното место. За ова денеска информираа од Црвениот крст.

Курсот е реализиран согласно правилникот за обука по прва помош, при што 100 лица го поминаа основниот курс, додека 50 лица се обучени за укажување на прва помош на дефибрилатор, а сите 150 лица успешно ја завршија обуката по прва помош.

– Беа тестирани и се здобија со уверенија за завршена курсна настава по прва помош на работно место. Менаџерскиот тим и вработените изразија задоволство од постапката на целиот процес на изведување на курсната настава, со олеснат пристап и вежби на предавачот со вработените, со цел за полесно совладување на планираната материја од областа на првата помош, а особено тоа што обуките се изведуваа во услови на корона состојба, се вели во соопштението од Црвен крст Кавадарци.