- Advertisement -
ЕкономијаСветСветот на работникот

Владата во Хрватска ќе плаќа надомест за работниците на скратено работно време

Владата во Хрватска ќе плаќа - Работник - Работник
205views

Хрватското здружение на работодавачи и Владата водат интензивни преговори за новата шема за помош на економијата и зачувување на работните места, откако ќе се потрошат средствата од постоечкиот пакет на државни стимуланси, за компаниите да можат да ја преживеат кризата предизивикана од пандемијата на вирусот Ковид – 19.

Во Германија аналитичарите проценуваат дека бројот на работници на скратено работно време кои аплицирале за државна помош во оваа криза ќе изнесува помеѓу 3,5 и 5 милиони, што е многу повеќе од 2009 година, кога истата мерка ја користеле милион и пол луѓе. Официјалните процени на германската влада, сепак се нешто поскромни. Тие очекуваат дека за овој вид на поддршка ќе се пријават околу 2,36 милиони луѓе, што државата ќе ја чини повеќе од 10 милијарди евра.

Во текот на кризата во 2009 година, стапката на невработеност во Германија, благодарение на Курцарбајт, била намалена од почетокот на рецесијата до март 2009 година, од 7,9 на 7 отсто. Според процените на Оргаизацијата за економска соработка и развој – ОЕЦД, Германија е до третиот квартал на 2009 година. Со оваа програма се спасиле 200,000 работни места, пишува Јутарњи Лист.

Фото: Pixbay

Advertisement
Advertisement