Правда

Владата ги повлекува предлог-измените на Законот за јавни собири

Владата ги повлекува - Работник
46views

Владата на Република Северна Македонија ги слушна забелешките на граѓанските организации за најавените предлог-измени на Законот за јавни собири и на денешната 164-та седница одлучи да ги повлече предлог-измените со цел да се обезбеди поширока консултација, објави владината прес – служба.

Владата смета дека има простор за разговори и за подобрување на содржината со цел овозможување слобода на изразување на став на јавни простори низ јасно утврдени регулативи и исклучиво во согласност со Уставот на РСМ.

Според предлог – измените била превидена забрана за одржување на јавни собири пред странските амбасади, објекти и простории од интерес за безбедноста на земјата, како и пред седишта на органите на државната власт и просторот околу нив, пишува Нова Македонија.

Згора, со законските измени се предлагаше и зголемување на минималниот број на граѓани потребни за организирање на протест од 20 на 50. Се забрануваше и носење на средства на лицата и главата кои го отежнуваат утврдувањето на идентитетот на демонстрантите. Со предлогот се одредуваше и временски период во кој може да се одржува јавниот собир, односно од 6 до 23 часот, додава Нова Македонија