ЕкономијаМакедонија

Владата ги утврди законските измени за покачување на минималецот

Владата ги утврди законските измени - Работник
292views

На вчерашната 160. седница, Владата го утврди Предлог  Законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Македонија.

Со измените минималната плата ќе се корегира за 16 отсто, односно ќе се зголеми од 12,507 денари на 14,500 денари во нето износ со исплатата на декемвриската плата оваа година. Ова значи дека минималната плата ќе се зголеми за речиси 60 отсто во однос на истата пред првата корекција во 2017 година.