ЕкономијаМакедонија

Владата го става новото покачување на минималецот во мирување

Владата го става - Работник
132views

Зголемување на минимална плата нема да има сè додека Владата не биде сигурна дека економијата ќе може да го издржи новото покачување. По вчерашното предупредување дека текстилната индустија е пред колапс поради покачениот минималец за работниците, од Владата уверуват дека во наредниот период ќе се работи за зголемување на продуктивноста преку техничко-технолошки развој.

„Јас разговарав и со стопанските комори и со работодавачите и тие велат оваа плата е веќе апсолвирана, дополнително сè што побаравме од вас, а тоа беше субвенционирањето на придонесите по пример на соседните земји е направено и ние во моментов сме стабилни. Сега со нив дискутираме за техничко-технолошкиот развој во компаниите во насока да ја зголемиме продуктивноста и ние нема да одиме со зголемување на минималната плата ако не сме сигурни дека економијата може тоа да го издржи”, рече Мила Царовска- Вицепремиерка задолжена за економски прашања, објави АлсатМ.

Целосниот текст прочитајте го тука