МакедонијаСиндикат

Владата му понуди 10 % зголемување на СОНК од април 2020 година

Владата му понуди 10 % - Работник
233views

Владата и Министерството за образование и наука на Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) му понудија зголемување на платите во образовната дејност за 10 проценти од април 2020 година. Тоа е исходот од средбата што попладнево се одржа во Владата помеѓу премиерот Зоран Заев и министерот Арбер Адеми со претседателот на СОНК, Јаким Неделковски. За понудениот предлог СОНК ќе го запознае членството и од него ќе зависи дали е прифатлив или не.

Адеми и Неделковски во изјава за медиумите рекоа дека средбата била конструктивна. Според министерот, новите 10 проценти од април ќе бидат дополнителни на двете претходни зголемувања од по 5 проценти (ланскиот и овој септември). Неделковски, пак, рече дека секогаш може повеќе, објави Нова ТВ.

Целосниот текст прочитајте го тука