Светот на работникот

Владата на Норвешка одбива да помогне: Сите меѓународни летови се откажани, отпуштени уште 1600 работници

Владата на Норвешка одбива да помогне: Сите меѓународни летови се откажани, отпуштени уште 1600 работници - Работник
117views

Откако Владата на Норвешка одби финансиски да и помогне на авиокомпанијата „Norwegian“, оваа скандинавска нискобуџетна авиокомпанија ги откажа сите меѓународни летови.

„Norwegian“ беше принуден да отпушти работници откако норвешката влада одби да и помогне на компанијата финансиски со цел да ги ублажи последиците од кризата предизвикана од пандемијата со Ковид-19.

Компанијата со жалење рече дека е принудена да отпушти уште 1.600 работници поради одбивањето од страна на владата да и помогне и во исто време да ги зајакне ограничувачките мерки за патувања. Последиците од ваквата одлука на владата се критични за „Norwegian“, кој мора да продолжи да ги намалува трошоците на минимум и да работи на изнаоѓање на друго решение за надминување на кризата и преживување, се вели во соопштението.

По одлуката на норвешката влада, „Norwegian“ нема друг избор освен да отпушти уште 1.600 работници и да слета 15 од 21 авион користен за летови во претходниот период. Пред коронавирусот, оваа компанија вработуваше над десет илјади работници, а во следните месеци нивниот број ќе се намали на само 600 работници.

Според планот, „Norwegian“ ќе чува само шест авиони што ќе се користат за домашен сообраќај во Норвешка, и тоа само на 12 линии.

Извор: bizlife.rs