- Advertisement -
Правда

Владата на Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната 169-та седница

Владата на Северна Македонија - Работник
463views

Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната 169-та седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На оваа седница на Владата ќе биде разгледана информацијата во врска со барањето за издавање на лиценца за вршење на енергетска дејност дистрибуција на топлинска енергија, на предлог на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија.

Advertisement

Центарот за управување со кризи за оваа седница ја предлага точката информација за усвојување на Меморандум за соработка/разбирање помеѓу Република Северна Македонија и Евроатлантскиот центар за координација на одговор при катастрофи (EADRCC) за спроведување/реализација на здружена вежба „Северна Македонија 2020“.

На денешната седница Владата ќе го утврди текстот на предлог – законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти, како и предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за градење

Advertisement
Advertisement

Министрите во Владата ќе ја разгледаат и информацијата за спроведување на Стратегијата за развој на женското претприемништво во Република Северна Македонија 2019 – 2023, со Акциски план, на Министерството за економија.

За оваа седница на Владата на РСМ е предвидена и информацијата за прогресот на изградба на станови наменети за лица во социјален ризик и други ранливи групи и станови наменети за продажба.

Редовната 169-та седница на Владата на Северна Македонија е предвидено да започне во 12:00 часот.

Извор: Влада на РМ

Advertisement