- Advertisement -
ЕкономијаМакедонија

Владата се реши за заем до евробврзницата од 400 милиони евра

Владата - Работник
198views

Министерството за финансии ќе обезбеди „Заем до еврообврзница“ во износ од 400 милиони евра со рок на доспевање од 12 месеци, а од Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ќе бидат повлечени 87 милиони евра, а од Светска банка 100 милиони евра за развојни политики, соопшти во неделата министерката за финансии, Нина Ангеловска.

Заемот ќе биде со време на доспевање од 12  месеци, а целосно ќе се отплати со средствата кога ќе се издаде еврообврзницата.

Со цел да обезбеди сигурност на Буџетот и ликвидност на стопанството Министерството за финансии ќе обезбеди ткн „Заем до еврообврзница“ во износ од 400 милиони евра со рок на доспевање од 12 месеци, пишува Нетпрес.

Целосниот текст прочитајте го тука