ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Владата утре ќе го соопшти четвртиот пакет мерки за економска помош поради кризата предизвикана од Ковид-19

191views

По вчерашната средба со претставниците на стопанските комори, владиниот економски тим денеска ќе има средби со претставници на синдикатите и работодавачите, по што утре по владината седница се очекува да бидат соопштени четвртиот пакет мерки за економска помош поради кризата предизвикана од пандемијата.

Предвидено е четвртиот пакет мерки да вреди вкупно 350 милиони евра, од кои 264 милиони евра ќе бидат од Буџетот на државата, а околу 85 милиони ќе се позајмат од поволни дополнителни кредитни линии.

„Пакетот 4, кој треба да биде усвоен од Владата на седницата во недела, на 27 септември, опфаќа поддршка за исплата на плати за последниот квартал од годината, платежни картички за неколку категории граѓани, грантови за најпогодените сектори, широк спектар за ослободување или олеснување за повеќе давачки за компаниите, намалување на ДДВ во повеќе услужни и други дејности, како и други мерки“, соопштија од Владата.