ЕкономијаМакедонија

Владата ја отвори расправата за Буџетот 2020, ќе се утврди на наредната седница

Владата ја отвори расправата - Работник
725views

Владата на Р. Македонија на денешната редовна 163-та седница ја отвори расправата за Предлог-буџетот за 2020 година. Министрите во Владата ги презентираа програмите кои треба да се финансираат од буџетот за наредната година и донесоа одлука Предлог-буџетот за 2020 година, како и Предлог-законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 година да бидат утврдени на наредна седница на Владата која треба да се одржи идната недела.

Извор: Влада