Правда

Владата ја усвои информацијата за нивелацијата на платите во култура

Владата ја усвои информацијата за нивелацијата на платите во култура - Работник
333views

Владата на Република Северна Македонија ја усвои информацијата за нивелација на платите на вработените во институциите од областа на културата по дејности, согласно која 2899 лица вработени во културата ќе имаат зголемување на платите, почнувајќи од платата за месец април, истакнува Министерството на култура во соопштението н нивната веб страна.

„Со нивелацијата на платите опфатени се сите вработени во културата, односно вработените во националните установи и вработените во локалните установи од областа на културата“, истакнаа од Министерството за Култура.

Со оваа информација усвоена на вчерашната седница на Владата на РСМ, е констатирано дека Министерството за култура е во фаза на подготовка на нов Закон за јавниот интерес во културата, кој ќе биде усогласен со новите измени на законите од областа на јавната администрација, односно со Законот за административните службеници и Законот за вработените во јавниот сектор, и по неговото усвојување ќе се создадат услови за ново усогласување на платите во културата.

Извор: Министерство за Култура