ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

Владата ќе ги раскине договорите со две турски инвестции во Бунарџик?

Владата ќе ги раскине - Работник
284views

На синоќешната седница Владата ја разгледала информацијата на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони за потребата од раскинување на договорот за долготрае закуп на градежно земјиште во Бунарџик со Џемадаг Лајтинг Еуропа и Доган Отомотив. 

Се работи за две турски инвестиции со кои беше постигнат договор за долготраен закуп на земјиште под поволни услови во индустриската зона во Скопје во 2018 година, но до сега истите не се реализираа. 

„Доган Отомотив“ е компанија која произведува резервни делови за автомобилската индустрија“, додека Џемдаг Лајтинг Еуропа произведува светилки за улично осветлување, рефлектори, големи системи за осветлување, производи за индустриско и осветлување на деловен простор и системи за домашно осветлување.

Пред еден месец Владата за краток период раскина два договори за долготраен закуп на градежно земјиште под поволни услови со странски инвеститори преку Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони.- прво со фармацевтската компанија Саген, а потоа и со Кеслер, компанијата за електромотори.