- Advertisement -
ЕкономијаМакедонија

Владата ќе дели помош: Картички и ваучери за најранливите, обуки за млади и викенд без ДДВ

476views

Ревитализација, опоравување на економијата, стимулирање на потрошувачката и на индустријата, во ова треба да помогне тртиот пакет на економси мерки, кој Владата денеска го усвои.

Третиот пакет мерки ќе изнесува 355 милиони евра, или 5,5 отсто од бруто домашниот производ, а со него ќе бидат опфатени 730.000 корисници.

Advertisement

Пакетот предвидува околу 100.000 граѓани да добијат платежни картички од 9.000 денари и тие ќе бидат достапни за сите невработеми, приматели на гарантирана минимална помош.

– Оваа платежна картичка ќе се однесува само за домашни компании, прозиводители и услуги во период од 30 дена, а во износ од 16 милиони евра, рече Спасовски, додавајќи дека со тоа се зајакнува домашната потрошувачка, се зголемува и куповната моќ и безготовинските плаќања.

Advertisement

Спасовски објави дека 100.000 граѓани ќе добијат ваучер за домашен туризам од 6.000 денари и и домашна платежна картичка од 3.000 денари, со цел јакнење на домашниот туризам.

– Оваа мерка ќе можат да ја користат сите вработени граѓани што примаат нето плата помала од 15.000 денари и немаат други приходи. Ваучерот, ќе може да се користи во домашните хотели и други сместувачки капацитети, а со платежната картичка се поттикнува купување домашни производи и услуги, појасни Спасовски.

Најавена е и помош за 100.000 млади луѓе во износ од 12 милиони евра. Парична поддршка до 6.000 денари, платежна картичка од 3.000 денари и картички и ваучери за обуки во ИТ секторот и партиципација за универзитет и за партиципација во Универзитет или за сместување во ученички и студентски домови.

Се воведува и викенд без ДДВ за сите граѓани во одредени продажни сектори како што се продавници за гардероба, бела техника, мебел, санитарија, школски прибор и книги. Предвидувањата се дека тоа ќе донесе дополнителен приход од 20 милиони евра во македонското стопанство.

Спасовски рече дека третиот сет економски мерки е широко усогласен со експерти, стопанските комори, синдикатите и оти креирањето на мерките е направено максимално транспрентно и во целосно инклузивен процес. Додаде дека додека првиот и вториот сет беа навремени и сериозни за спас на работните места, овие мерки ќе бидат директна финансиска поддршка за стимулирање на потрошувачката.

Извор: Лидер

Advertisement