ЕкономијаМакедонија

Владата ќе ја проверува веродостојноста на добитниците на платежната картичка

Владата ги усвои предлозите - Работник
500views

На својата седница Владата ја разгледа информацијата и ја утврди потребата од проверка на веродостојноста на дадените податоци до Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија, согласно Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање на домашна платежна картичка наменета за купување македонски производи и услуги за време на вонредна состојба.

Владата донесе измени на Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање на домашна платежна картичка наменета за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојба, согласно која криптираните податоци содржани во Листите на корисници на финансиска поддршка согласно со оваа уредба со законска сила, се доставуваат на чување во Државниот архив, врз основа на Записник за секое примопредавање на податоците подготвен од страна на тричлена комисија која ја формира Генералниот секретар на Владата на Република Македонија, од редот на вработените административни службеници во Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија.

Уредбата определува дека за веродостојноста на податоците содржани во Листите на корисници на финансиска поддршка согласно со оваа уредба со законска сила, одговорни се институциите кои ги доставиле.

Владата денеска ги прифати и измените и дополнувањата на Уредбата со законска сила за формирање Фонд за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од Ковид-19, со кои со оваа уредба сега се опфатени и естрадните работници, како и  радиодифузерите кои од регулаторното тело надлежно за работите од областа на радиодифузија добиле дозвола за емитување преку јавна електронска комуникациска мрежа што не користи ограничен ресурс или преку сателит, за надомест на трошоците за пренос на сигнал за 2020 година.

Во врска со оваа уредба, Владата денеска донесе измени и дополнување на одлуката за начинот на исплата на средства од сметката за донација на Фондот за помош и поддршка за справување со кризата предизвикана од коронавирусот Ковид-19, во која се додадени естрадните уметници и радиодифузерите кои од регулаторното тело надлежно за работите од областа на радиодифузија добиле дозвола за емитување преку јавна електронска комуникациска мрежа што не користи ограничен ресурс или преку сателит, за надомест на трошоците за пренос на сигнал (дотур на модулации) за 2020 година.

Извор: Лидер