ЕкономијаМакедонија

Влада: „Иловица“ не ги исполнила законските услови за вршење експлоатација

Влада: „Иловица“ не ги исполнила законските услови за вршење експлоатација - Работник
196views

Министерството за економија на денешната седница на Владата на Република Северна Македонија информираше дека се исполнети законските услови за донесување на решение за одбивање на барањето за издавање на дозвола за експлоатација на минерална суровина – бакар и злато на локалитетот „Иловица“, општина Босилово на ЕУРОМАКС Ресоурцес ДОО Скопје, објави владината прес служба.

Во информацијата којашто денеска пред Владата ја презентираше Министерството за економија, утврдено е дека компанијата не ги доставила сите потребни документи кои се бараат согласно Законот за минерални суровини за добивање на дозвола за експлоатација.

По истекот на задолжителниот рок за жалба од 15 дена, Владата на Република Северна Македонија ќе може да донесе и конечна одлука за едностран раскин на Договорот за концесија со ЕУРОМАКС Ресоурцес ДОО Скопје.