ЕкономијаМакедонија

Власта нема одговор кога ќе стартува минималецот од 13 илјади денари

Власта нема одговор - Работник
183views

Ветена да се зголеми на први јули на 13 илјади денари, еден месец по пробиениот рок, се уште нема информации кога ќе почне да се исплаќа и колку ќе изнесува новата минимална плата. Од Владата велат дека уште не се завршени преговорите со бизнисот, но и тие ги прават своите пресметки. Текстилците веќе укажаа дека ново зголемување може да им нанесе удар и стравуваат од отпуштања. Од ССК, пак, предупредуваат дека секое зголемување што е вештачки наметнато, може да биде штетно за нив, советуваат да се следат пазарните услови.

„Нормално, по редот на нештата, и природно ќе треба да ги зголемиме платите во оние сектори каде што немаме доволно работници. Се што е наметнато и вештачко, да верувате дека не може да вроди со квалитетни и до добри резултати“, вели Данела Арсовска, претседателка на Сојуз на стопански комори, објави Телма.

Целосниот текст можете да го прочитате тука