- Advertisement -
ЕкономијаМакедонија

ВМРО ДПМНЕ: Мерките на СДСМ се чист поткуп

155views

Соопштение до јавноста-реакција на прес конференција на Фатмир Битиќи

Advertisement

Таканаречените мерки на СДСМ се чист изборен поткуп. СДСМ мисли дека граѓаните може да ги излаже и да ги купи пред избори со несуштински мерки, кои не даваат резултати, и се само замачкување на очи, а впрочем го оставаат стопанството на чекање до септември.

Најтешкиот период од кризата стопанството ќе треба да го преживее без помош. Голем број на фирми се остават на цедило и им се заканува можно затворање.

Владата не реагираше на време  кога на стопанството и граѓаните им требаа мерки, со што создаде ситуација во која обични мерки не помагаат воопшто. ВМРО-ДПМНЕ алармираше на време, но суетата и надменоста на власта беа преголеми.

Над половина од 33.000 работници во секторот угостителство се времено без работа, голем број на фирми работат со намален обем, а илјадници граѓани со намалени приходи.

Квази мерките на владата не даваат резултати. Потребна е итна стратегија за излез од кризата. Со СДСМ тоа не е можно, со СДСМ имаме само криминал, корупција и неспособност.

ВМРО-ДПМНЕ има стратегија за обнова на Македонија. Преку активни инвестиции ќе ја стимулираме економијата, а тоа ќе значи инфраструктурен бум и засилен влез на странски инвестиции. Царинска гилотина и воведување на рамен данок, со целосно негово спуштање до 8% во текот на мандатот.

Ќе воспоставиме стандарди на работа и морален кодекс на делување.

ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим, неспособност, криминал и сиромаштија.

Advertisement
Advertisement