- Advertisement -
ЕкономијаМакедонија

ВМРО – ДПМНЕ: Несериозноста на власта да се справи со кризата ќе има далекусежни последици врз македонската економија

Несериозноста на власта да се справи - Работник
126views

Несериозните мерки на владата на СДСМ ќе имаат далекусежни последици врз македонската економија и граѓаните.

Наместо да презентираат мерки од кои што никој нема бенефит, потребно е веднаш да се спречи отпуштањето на работници и крахирањето на фирмите.

Advertisement

Владата мора да ја сфати сериозноста на здравствено економската криза и посериозно да постапи кон нејзино решавање се со цел да може стопанството да биде сигурно дека во државата има партнер.

Државата мора сериозно да пристапи кон решавање на проблемите на граѓаните и наместо да води пи-ар кампањи веднаш да им помогнат на фирмите, бидејќи само така ќе им се помогне и на вработените во фирмите за да не останат без работно место и финансиска помош за животна егзистенција, а со тоа ќе и помогнат и на фирмите да не колабираат.

Advertisement

Доколку СДСМ не знае и не умее, тогаш потребно е итно прифаќање на мерките кои што ги нуди економскиот тим на  ВМРО-ДПМНЕ за спас на економијата.

 

Advertisement