- Advertisement -
ЕкономијаМакедонија

ВМРО-ДПМНЕ: Празните прес конференции на СДСМ нема да им помогнат, граѓаните ја согледаа нивната неспособност

118views

Соопштение до јавноста – реакција на прес конференција на Коста Петров

Македонската економија е клекната на колена, а буџетскиот дефицит од ден во ден е се поголем.

Празните прес конференции на СДСМ нема да им помогнат, граѓаните ја согледаа нивната неспособност.

Економијата за која тврдеа дека блеска сега колабира пред првата препрека, односно кризата поврзана со светската пандемија на корона вирусот.

Мерките на владата на СДСМ се несериозни и не значат никаква помош за стопанството, напротив само ќе ја продлабочат економската криза во која се наоѓа држава.

Граѓаните со право се загрижени, нивната животна егзистенција и на нивните семејства е ставена под знак прашалник.

За ова СДСМ ќе одговара пред граѓаните и пред името на правдата.

Одговорност за буџетската дупка и за лажните ветувања ќе има.

 

Advertisement
Advertisement