Водачот на синдикатот му порачал на Макрон дека се игра со оган

Лидерот на синдикатот ЦГТ во Франција кој се бори против реформите во пензиоскиот систем, Филип Мартинез, го обвинил францускиот Претседател Емануел Макрон дека се игра со оган и дека покажува презир кон работниците во Франција.
Мартинез, лидерот на моќниот синдикат ЦГТ, рекол дека Претседателот и неговата Влада потполно се исклучени од реалноста.
Тој додал дека ЦГТ е најмоќен, најстар и втор најголем синдикат во Франција кој смета дека може да го подобри сегашниот систем и дека веќе ги изнел предлозите во таа смисла.
„Меѓутоа, оваа Влада не преговара. Имаме претседател кој мисли дека секогаш е во право така да тешко е да се разговара било за што, а кога разговорите не функционираат, следуваат конфликти – рекол Мартинез.
Мартинез рекол дека реформата мора да се повлече, бидејќи е нефер и е сложена и што повеќе Владата се обидува да ја објасни, се повеќе е неразбирлива.
Тој предупредил дека спроведувањето на пензиската реформа и покрај противењето на јавноста ќе ја зајакне крајната десница, пишува Гардијан.
„Луѓето во најмала рака се лути, особено младите работници кои веруваат дека целата нивна генерација е жртвувана. Меѓутоа, Макрон е толку сигурен во себе, но игра со оган“, рекол Мартинез.