ЕкономијаМакедонија

Водостопанство: Плати ќе има ако Заев пушти со ребалансот

Водостопанство: Плати ќе има ако Заев пушти со ребалансот - Работник
264views

Владата планира да инјектира 90 милиони денари во државното претријатие АД Водостопанство. Ветување дека парите ќе им бидат доделени директорот Илми Селами добил лично од премиерот Зоран Заев кој го охрабрил да достави информација до Владата за парите да ги добие со ребалансот на буџетот годинава. Претпријатето кое  важи како прибежиште на партиски кадри уште од формирањето во 2015 година, во последниот период е мета на партиски обвинувња од опозицијата, а се најде и во неколку скандали. Моментно над 350 вработени во ова државно претпријатие немаат здравствено осигурување затоа што им доцни и исплатата на платите. Таква ситуација со доцнење се провлекува повеќе од една година, а дел од вработените велат дека ќе почнат и штрајк. Селами пак вели дека нема брз излез за претпријатието, но дека не е планирано негово згаснување, напротив, потврдува дека ќе има и нови вработувања. Брзо краткотрајно решение според него се ветените пари од Владата, пишува Фактор.

Целосната објава можете да ја прочитате тука