СветСиндикат

Воениот синдикат во Србија ќе ги одложи протестите за празниците

Воениот синдикат во Србија ќе ги одложи протестите за празниците - Работник
143views

После состанокот на Претседателот на српската Влада, Ана Брнабиќ и Претседателот на воениот синдикат на Србија, Новица Антиќ, одлучено е да се продолжи дијалог. „Од кабинетот на Претседателката Брнабиќ известени сме дека разговорите ќе се продолжат после велигденските и првомајските празници“ се наведува во соопштението на синдикатот.

„Заеднички став е со дијалог и компромис да се изнајдат решенија на проблемите. Покрај важните дипломатски активности на врвот на државата, во наредните денови, донесовме одлука да им дадеме шанса  на дијалогот и мирно решавање на настаниот спор. Најавените повеќе дневни протести од страна на Воениот и Полицискиот синдикат на Србија, ќе се одложат, меѓутоа по продолжувањето на преговорите кои би требало да се одржат во првите работни денови после празниците, не се најде решение, ќе започнеме со планираните протести“, пишува во соопштението ан синдикатот.

Премиерката Ана Брнабиќ разговарала со претставниците на Воениот синдикат кои ја запознале со проблемите во нивното синдикално делување.

Претседателот на Воениот синдикат на Србија, Новица Антиќ, после четириесетминутниот состанок со Премиерката, рекол дека и ги укажал проблемите и предложени се решенија за надминување на кризите на синдикатот, особено со Министерот за одбрана.