- Advertisement -
СветСветот на работникотСиндикат

Воен синдикат на Србија: Вулин итно да се повика на одговорност

Воен синдикат на Србија - Работник
132views

Министерот Вулин треба итно да се повика на одговорност поради злоупотреба, дискриминација и задушување на човековите и работничките права на Војската на Србија, соопштиле денеска од Воениот синдикат на Србија.

Како што рекле, Воениот синдикат на Србија е известен денеска дека управниот дисциплински орган на Министерството за одбрана, персонифициран во неуставниот Воен дисциплински суд во Нови Сад, на ден 25 јуни 2020 година, во повторна постапка, на „незаконски и криминален“ начин, во отсуство на обвинетиот, донел “пресуда“ со која на Генералниот секретар на Воениот синдикат на Србија, исклучиво поради застапување на синдикатот во јавноста повторно му се изрекува казна губење на службата во Војската на Србија.

Advertisement

„Бараме итна реакција од јавното обвинителство, надлежните инспекции и Претседателот на Републиката, од кого бараме да обезбеди законитост и почитување на елементарните човекови и работнички слободи и права, а претставниците на синдикатите да ги заштити од криминалот и насилството“, истакнале од синдикатот.

Тие нагласиле дека „насилството и силувањето“ на правата и правдата кои ги спроведува администрацијата на министерот во заминување Вулин е преседан во светската и европската историја на сидикализмот и Србија која се повеќе се оддалечува од тоа да биде слободна и правна држава.

Advertisement
Advertisement

 

Advertisement