ЕкономијаСветСветот на работникот

Волво отпушта 4100 вработени во администрацијата

134views

Производителот на камиони и градежни машини АБ Волво планира да намали околу 4100 работни места во текот на втората половина на 2020 година, соопшти вчера компанијата.

Пандемијата на корона вирусот ја задуши побарувачката за камиони, принудувајќи ги Волво и неговите ривали да ги намалат трошоците, пренесува Ројтерс, додавајќи дека на почетокот на овој месец, производителот на камиони Сканија исто така најави големо намалување на работната сила.

“Епидемијата на корона и глобалните мерки, доведоа до состојба на пазарот што ја погодува нашата индустрија. Ефектот се очекува да биде помал во иднина и ние треба да продолжиме соодветно да ја прилагодиме нашата организација”, се вели во соопштението на извршниот директор на Волво, Мартин Лундстед.

Во изјавата на компанијата се прецизира дека околу 15 проценти од планираното намалување на работната сила ќе се однесува на консултантите пришти се очекува да бидат намалени околу 1.250 работни места во Шведска.

Компанијата со седиште во Гетеборг, во која има вработено околу 104,000 луѓе, на крајот на април објави дека регистрирала 75 проценти помалку нарачки за камиони во март во однос на февруари и дека оттогаш бележи негативен тренд.