Наука

Воочена рекордно ниска активност на Сонцето, дали е ова спас од глобалното затоплување?

Воочена рекордно ниска активност - Работник
224views

Сонцето овие денови достигнало историски соларен минимум. Имено, овој викенд сонцето без пеги било повеќе од 271 ден, вклучајќи ги и последните 34 дена по ред. Нашата ѕвезда не била толку чиста од пеги од почетокот на ерата на модерните истражувања.

Последната рекордна година без пеги била 2008 година, кога сонцето било чисто 268 дена, пишува Spaceweather.

Но, што тоа значи и дали недостатокот на пеги е некако поврзан со глобалното затоплување, односно климатксите промени?

Сончевите пеги се бури на површината на Сонцето

За да го одговориме ова прашање, мораме прво да објаниме што е тоа соларен минимум. Познато е дека Сонцето се движи во 11 годишни циклуси кои се слични на отчукувањата на срцето, односно има изразено активен и слаб активен период; кои се познати како соларен максимум и минимум.

Во текот на овој циклус, Сонцето поминува низ различни промени во својата активност: се зголемуваат (или намалуваат) нивоата на сончевото зрачење, количината на материјалот кои Сонцето ги исфрла и бројот на сончевите пеги.

Сончевите пеги поточно се бури на сончевата површина кои ја следат интензивната магнетска активност и исфрлувањето на топлите гасови. Точката на најголемите активности на Сончевите пеги се нарекува Сончев максимум.

Според меѓувладиниот панел на Обединетите Нации за климатски промени (ИПЦЦ), научниот консензус е дека варијациите на соларните активности играат многу мала улога во климатските промени. Откако повеќе од 40 години следење по пат на сателит, воспоставено е дека Сончевата енергија во тој период пораснала за помалку од 0,1 процент.

Од друга страна, од 1750 година загревањето предизвикано од стаклените гасови настанати од горењето на фосилните горива преку 50 пати е поголемо од незначајното загревање кое дошло од самото Сонце во истиот временски интервал, пишува NASA.

Можност за голем соларен минимум

Како што веќе споменавме, Сонцето моментално проаѓа низ соларен минимум, односно ниско ниво на активности на сончевите пеги. Некои научници дури нагаѓаат дека ова е можеби почетокот на периодичен соларен настан кој се нарекува голем минимум, додека други сметаат дека нема доволно докази кои би го поддржале ова тврдење.

Во текот на големиот минимум се намалува соларниот магнетизам, а сончевите пеги се појавуваат исклучиво ретко. Големите минимуми можат да траат неколку децении или дури цел век. Најголемиот таков неодамнешен настан се случил за време на малата ледена ера која траела од 13 па се до средината на 19 век и кога помеѓу 1645 и 1715 година имало малку сончеви пеги.

Може ли оваа ниска активност на сонцето да ја олади нашата планета ?

Неколку нови студии ги разгледувале ефектите кои може да ги има уште еден голем минимум врз глобалната температура. Овие студии сугерираат дека големиот минимум би можел да ја олади планетата за околу 0,3 Целзиусови степени, со што во најдобар случај, би се забавило загревањето кои го предизвикале луѓето.

Во случај да не дојде до голем минимум, што е многу веројатно, научнците сметаат дека нивото на активностите на сончевите пеги и соларните ветрови ќе играат минимална улога во загревањето или ладењето на планетата, пишува Scientific American.

На тоа му оди во прилог и овој продолжен период без активности на сончевите пеги. Тој не ја олади нашата планета, односно не го намали ефектот од глобалното затоплување. Значи, овогодишниот декември е најтопол во последните 140 годиини.