ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

Во Австрија преку половина милион вработени

Во Австрија - Работник
115views

Моментално во Австрија 532,751 лице лица без работа се пријавени во Сервисот за вработување (АМС).

Тоа е за околу 112,000 или 26 отсто повеќе од истиот период лани, соопштило Министерството за труд.

Од таа бројка, 469,772 се пријавени како невработени, а 62,979 се на дообразуваат во организација на АМС.

Причината за растот на бројот на невработени, покрај сезонските ефекти, е изостанувањето на сезоните во туризмот.

Дополнително 414,773 лица се пријавени на скратено работно време.

Министерството за труд истакнало дека можноста за пријавување на скратено работно време спасило повеќе од еден милион работни места, од кои половина се во производството и трговијата.

 

Advertisement