- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСвет

Во Албанија минатата година забележан пад на странските вложувања за 13 отсто

Во Албанија минатата година забележан - Работник
158views

Директните странски вложувања во Албанија, минатата година бележат намалување за 13 отсто, споредено со претходната година.

Според Централна банката на Албанија, приливот на странски капитал што влегува во економијата минатата година изнесува 933 милиони евра, наспроти повеќе од милијарда евра во 2019 година.

Експертот по економија Гент Беќири објаснува дека овој пад бил очекуван и без пандемијата, поради завршувањето на енергетските проекти Транс јадрански гасовод (ТАП) и ХЕ „Девол”.

Според него, неодамнешните проекти кои ги ангажираа Американците и Французите во изградба на објекти во енергетскиот сектор се позитивен сигнал и се очекува да донесат дополнителна вредност на странските вложувања.

-Покрај енергијата, сектор со голем потенцијал за развој што може да предизвика интерес кај странските инвеститори е и туризмот, кој всушност е најпогоден од кризата, рече Беќири.

Според статистичките податоци на Централната банка, најголем пад на приливот на странски вложувања минатата година е забележан кај индустријата за ископ на минерали, поради пандемската криза, како и вложувањата во недвижнини каде приливот достигнал 82 милиони евра, што е околу 26 отсто помалку споредено со претходната година.