- Advertisement -
ЕкономијаСветСветот на работникот

Во Албанија 60,000 работници останале без работа

Во Албанија 60,000 работници - Работник
122views

Албанската опозиција обвини дека заклучно со јули во земјата клуч на врата ставиле 32.400 деловни субјекти, од кои поголемиот процент биле мали бизниси, а како последица на тоа работното место го изгубиле околу 60.000 граѓани.

Обвинувањата во име на обединетата опозиција ги изнесе Петрит Васили, потпретседател на Социјалистичкото движење за интеграција (ЛСИ), втора по голема партија во обединетата опозиција и трета во земјата.

Advertisement

Додаде дека вакви бројки не биле видени во земјата повеќе од десет години

-Најновите вести и најновите информации јасно покажуваат шокантна состојба во економијата, што е особено загрижувачки факт за оние кои се најсиромашни и за оние кои се најранливи во Албанија. Всушност, официјалните бројки зборуваат за 32.400 затворени бизниси до јули, а од нив дури 98 отсто се мали бизниси и околу 60.00 албански граѓани ги загубија своите работни места, предизвикувајќи истовремено губење на речиси 10-12 отсто од работната сила само во приватниот сектор, без да се земе предвид земјоделскиот сектор, рече Васили.

Advertisement
Advertisement

Додаде дека бројките зборуваат сами за себе, и наведе дека од 112.000 бизниси сега има само 79.600, односно 30 отсто помалку.

Според него, многу семејства јадат се помалку, но во меѓувреме „олигарсите продолжуваат да добиваат тендери, бесконечни концесии, тајни тендери, постапки и договори“.

За Васили, паѓањето на актуелната влада е единствената опција и алтернатива, доколку секој граѓанин сака да направи нешто за себе или за неговото семејство.

-Време е денес да се направи оваа голема промена! Време за чекање нема за да се спаси албанското семејство од економска пропаст, но уште повеќе од социјална, драматична пропаст, која им чука на врата и на оние што се уште не се соочиле со неа, нагласи Васили.

Посочува дека доколку продолжи оваа Влада, која е главниот виновник за оваа состојба, илјадници граѓани ќе останат без работа и без средства за основна егзистенција

Advertisement