- Advertisement -
ЕкономијаСветСветот на работникот

Во Америка во август отворени 1,4 милиони работни места

235views

Американската економија доби дополнителни 1,4 милиони работни места во август, што е во согласност со очекувањата, јави Си-Ен-Ен.

Податоците за август покажуваат дека заздравувањето на американскиот пазар на труд продолжува да забавува, имајќи предвид дека во јули се отворени 1,7 милиони нови работни места, а во јуни 4,8 милиони, проценува телевизија.

Advertisement

Во извештајот се посочува дека секој поединец што ќе се врати на работа е „мала победа во борбата против невидената криза за вработување предизвикана од пандемијата на Ковид-19″.

Сепак, Америка сè уште има 11,5 милиони работни места помалку отколку во февруари, се додава во текстот.

Advertisement
Advertisement

Стапката на невработеност во САД падна на 8,4 проценти во август, првпат под 10 проценти од март оваа година.

Advertisement