Во Британија денеска се очекува ХАОС

Во Велика Британија денеска се очекуваат големи проблеми во сообраќајот на денот на поклоните, познат уште какоо Boxing Day.

Имено, поради штрајкот на железничарите, во еден од најфреквентните денови во годината на патиштата ќе има значително повеќе автомобили.

Се очекува денеска на патиштата во Британија да има 15,2 милиони автомобили бидејќи британските железници штрајкуваат втор ден по ред, објави Индипендент.

Британската железница обично има стотици поаѓања на 26 декември. Сепак, Network Rail објави дека британските железници денеска ќе останат затворени поради штрајк на вработените кои се членови на железничкиот, поморскиот и транспортниот синдикат.

Аеродромските трансфери, како Хитроу Експрес и Станстед Експрес, обично се меѓу најпопуларните услуги на Boxing Day, но денес патниците на авиокомпаниите ќе бидат принудени да најдат други начини да стигнат до и од аеродромите во ОК.

Железничката мрежа им порача на патниците да избегнуваат патување со воз до 9 јануари.

„Boxing Day“ е празник кој се празнува на вториот ден од Божиќ, 26 декември. Иако настанал како празник на подарување на сиромашните, денес првенствено е познат како празник на шопинг. Празникот потекнува од Велика Британија и се слави во голем број земји кои порано биле дел од Британската империја.