- Advertisement -
ЗанимливостиМагазинНаука

Во всеселната снимен Ајнштајновиот прстен!

Во свеселната снимен Ајнштајновиот прстен!
325views

Вселенскиот телескоп Хабл неодамна забележа неверојатна глетка на небото – совршен пример од прстенот од Ајнштајн.

Официјалното име на овој астрономски феномен е GAL-CLUS-022058s, но ова име, како и прекарот „стопен прстен“, многу подобро објаснуваат за што станува збор.

Како што пренесува Universe Today, овој феномен познат и како гравитациона леќа, навистина личи на прстен од растопен метал, а во прашање е соѕвездието ,,Хемиска печка’’, во кое светлината од многу далечна галаксија се витка многу многу поблиска група на галаксии.

Една од предностите на гравитациската леќа е тоа што овој феномен им овозможува на научниците подобро да ги проучат оддалечените галаксии, кои инаку за нас би биле невидливи.

Според НАСА, овој новооткриен GAL-CLUS-022058s е најголемиот прстен на Ајнштајн откриен во нашиот универзум. Прстенот е именуван по Алберт Ајнштајн, бидејќи во рамките на својата општа теорија за релативност, претпоставил дека постојат такви гравитациони леќи.