ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

Во вториот квартал отпуштени се 2,3 милиони работници на определно работно време

Во вториот квартал отпуштени - Работник
65views

Податоците на Евростат покажуваат дека во второто тромесечје од оваа година во Европската унија без работа останале 2,3 милиони луѓе кои биле вработени привремено. 

Во вториот квартал оваа година во ЕУ имало 19,2 милиони привремено вработени, што е за 2,3 милиони помалку отколку во претходните три месеци и дури три милиони помалку отколку во последниот квартал од минатата година, покажуваат податоците од Евростат. 

Од вкупниот број на луѓе кои во текот на корона кризата останале без работа, дури 80,5 % од нив ги сочинуваат оние кои имале договори за работа на определно време, или четири од пет вработени на определено. 

Притоа посебено се погодени младите и нивниот удел во тие договори паднал од 46,2 отсто, на крајот од минатата година, на 42,7 отсто. 

Со губењето на работните места на привремено вработените биле соочени сите земји на ЕУ, а во седум земји било поголемо од 20 % отколку на крајот од минатата година. Притоа најмногу во Литванија, дури 35 %, потоа во Бугарија, Малта, Словенија, Естонија, Грција и Словачка. 

Тие кои работеле на скратено работно време биле мети на засилно отпуштање. Без работа во ЕУ вкупно останале 2,8 милиони, при што повеќе од 10 % во Ирска, Шпанија, Португалија и Литванија. 

Од друга страна, во четири земји, вработувањето на привремено е зголемено во време на карантинот, притоа најмногу во Унгарија, дури 27,7 % и во Бугарија 10,9 отсто. 

Во Хрватска во текот на второто тромесечје имало 205,000 луѓе со договори на определно, што е 21,000 помалку отколку првите три месеци оваа година. Оние кои се на скратено работно време биле 69,000, што е за 8,000 помалку од претходниот квартал.